Сакате поголема плата? Ова е најдоброто време според вашиот знак

399 прегледи

Сакате да заработите повеќе пари на работното место? Експертите советуваат дека зголемување на плата можете да побаате еднаш годишно, а многу е важно за тоа да го одберете вистинскиот момент. Доколку не можете да се одлучите и постојано се вртите во круг, Космополитен со астролозите состави листа на поволни датуми за секој хороскопски знак.

Овен

Оваа година сте нетрпеливи и сакате што поскоро да добиете зголемување, а најпогодни датуми за тоа да го направите се 7 мај, 3 август и 18 август. Постои можност дека до крајот на ноември ќе добиете паричен бонуд, а нема да мора да го барате.

Бик

Што и да правите немојте да барате зголемување за време на ретроградната Венера (од 13 мај до 25 јуни). Финансиските ветувања кои ќе ги добиете во тој период не се сигурни и најверојатно нема да се остварат. Не грижете се, откако ретроградната Венера ќе се повлече, уште утрото на 25 јуни тоа ќе може да го направите. Сепак, доколку не сакате да ризикувате, можете да побарате на 3 август и 15 декември.

Близнаци

Искористите ги своите одлично продажбени способности и преговарајте со шефот за зголемување на платата во рекот на преостанатите два ретроградни циклуси на Меркур – од 17 јуни до 12 август и од 14 октомври до 3 ноември.

Рак

Не бидете срамежливи. Дајте му до знаење, на шефот, дека заслужувате многу повеќе пари за работата која ја работите. Зборувајте од срце и во период од 9 – 21 март. Следен погоден момент е тек 18 август, а ретроградниот Марс ќе го направи есенскиот период многу комплициран. Единствен поволен датум тогаш е 21 ноември.

Лав

Совршени денови за да барате зголемување на плата е 22 април, 25 јуни и 12 октомври. Барајте ја саканата сума и известете го шефот дека не сте доволно платени за работата која ја правите.

Девица

Вашите идеални датуми се 21 март, 21 јуни и 29 декември. Немојте да барате за време на ретроградната Венера и ретроградниот Марс, а доколку сепак се одлучите за некој од овие два периоди, бидете подготвени дека зголемувањето нема да биде онакво какво што очекувате.

Вага

Вашите совршени вештини за привлекување заработа ќе ви бидат од корист. Најдобро би било тој разговор да го напавите на 7 јули, 20 јули, 7 и 11 август. Исто така, поволен период ќе ви биде и на есен, особено 15 и 21 ноември.

Скорпија

За Скорпиите најдобро време за барање зголемување е на 5 јули, 22 јули, 5 јуни и 30 ноември.

Стрелец

На ваша несреча зголемувањето не ви е потребно веднаш. Меѓутоа, овој период не е поволен за вас. За да не се коцкате, разговарајте со шефот на еден од овие датуми: 21 јуни, 5 август, 2 септември и 29 декември.

Јарец

Вашите финансии ќе бидат разнишани се до 1 април, но причекајте пред да се одлучите да одите на разговор со шефот. Поволен период за да го прашате својот претпоставен за зголемување на плата е 1 јули, 3 август, 18 август и 1 октомври.

Водолија

Првите пет месеци во 2020 нема да ви донесат многу пари. Затоа ќе имате повеќе причини да разговарате со својот шеф на 7 мај, 5 јули, 2 септември или 21 декември.

Риби

Ова е ваша година. Зграбете што е можно повеќе. Кога е во прашање унапредувањето на работата и платата, за вас оваа година ќе биде дополнително среќна. Особено внимание обрнете на следниве датуми: 24 март, 5 јуни, 5 јули и 21 декември.

Слични содржини