Рибите се најсреќниот хороскопски знак кога станува збор за игрите на среча. Тие минатата година освоиле повеќе добивка на лотарија од било кој друг знак, односно 11,6 отсто од сите добики, пишува Daily Mail.
Зад нив се Близнаците до 9,9 отсто, а следуваат Девиците со 8,9 отсто, па Водолијата со 8,5 отсто добивка.
Најмалку среќа имаат Стрелците кои добиле само шест отсто од случаите.
„Рибата секогаш се смета за сочувствителна и велокодушна, со длабоко чувство за љубезност и милост. Би било интересно да се види дали добивката ја поделиле со блиските“, изјавила портпаролката на астралиската лотарија Лорен Куни.
Ова е листата на хороскопските знаци според нивната среќа во игрите на среќа:
Риби 11,6%
Близнаци 9,9 %
Девица 8,9%
Водолија 8,5%
Скорпија 8,5%
Бик 8,5%
Рак 8,2%
Лав 7,7%
Вага 7,7%
Јарец 7,7%
Овен 7,5%
Стрелец 6%