Сали: Се додека не кажеме дека пандемијата веќе не постои, ќе мораме да ги објавуваме бројки на заразени

од Берта Китинска

Ние ги укинавме сите мерки, но се додека не кажеме дека пандемијата веќе не постои, ќе мораме да ги објавуваме бројки на ноvoзаразени, кажа министерот за здравство Беким Сали во Студио 10.

– Јас лично бев заинтересиран да го прекинеме тие постирања бидејќи во тој контекст имавме лошо искуство, имавме изолација дома, во денови наместо да се движиме слободно ние седевме дома, но во име на транспарентност и на коректоност кон јавноста објавувањето продолжува. Се уште пандемијата не е завршена, иако постои меѓу нас такво мислење. Ние ги укинавме сите мерки, но се додека не кажеме дека пандемијата веќе не постои, ќе мораме да ги објавуваме тие бројки.

Тој напомена дека постои можнот за појава на нов бран.

-Никогаш не се знае, се најавува петтиот бран, иако нема гаранции дека ќе се појави, и затоа треба да имаме континуитет во известување, рече министерот во студиото.

Слични содржини