Салман Ружди во свесна состојба: Ѝ дал изјава на полицијата

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Наградуваниот автор Салман Ружди е буден и комуницира со истражителите, но ќе мора да остане хоспитализиран поради сериозни повреди по нападот со нож во петокот во Западен Њујорк, јавува Си-Ен-Ен.

На 75-годишниот Ружди му беше извршена итна операција, откако маж го избоде неколку пати пред неговото закажано предавање во Њујорк.

Познатиот автор бил свесен во понеделникот и можел да одговара на прашања од истражителите. Не е јасно што им рекол Ружди на инспекторите по нападот, кој го потресе книжевниот свет и наиде на осуда од целиот свет.

Осомничениот за нападот е идентификуван како 24-годишниот Хади Матар. Тој скокнал на сцената во Њујорк и се фрлил на писателот, по што го избодел неколку пати. Осомничениот бил задржан од толпата додека полицијата не го привела.

Писателот се здобил со три убодни рани во пределот на вратот, четири во пределот на стомакот, на десното око и градниот кош, како и рана на десната надколеница.

Слични содржини