361
Полусестрата на војвотката Меган Маркл не престанува да ја напаѓа медиумски. Овојпат ја обвини дека е целосно незаинтересирана за здравствената состојба на нивниот татко, кој неодамна доживеал сецев удар.
Саманта Маркл смета дека Меган одлично глуми родител и хуманитарец, но дека во основа нималку не се грижи за своето семејство и ниту еднаш не се јавила да праша како е нејзиниот татко.
Ваквата реакција доаѓа по трогателната изјава на Меган за британските медиуми дека никој никогаш не се заинтересирал за тоа како се чувствува, туку се грижеле само за трачевите и озборувањата поврзани со приватниот живот.
На тоа, Саманта вели дека е смешно што некој кој лета со чартери и оди каде и да посака воопшто се жали поради нешто.