Само едно лице побарало да биде впишано во Избирачкиот список

од desk2
12 прегледи

Заклучно со 28 август, вкупно 1712 граѓани направиле увид на своите лични податоци во Избирачкиот список за Локалните избори 2025. Од нив, само еден поднел барање за запишување во Избирачкиот список, 19 лица поднеле барање за промена на личните податоци во Избирачкиот список и едно лице побарало бришење, информира Државната изборна комисија.

Јавен увид во Избирачкиот список за Локалните избори може да се направи во сите подрачни одделенија или канцеларии на ДИК низ државата, а увидот завршува на 11 септември на полноќ.