Само уживај: Познатата словенка со нова песна

Пејачката и балканска трап дива Сенида Хајдарпасиќ, попозната како Сенида, објави нова песна под насловот „Само уживај“.

Напишана од страна на Бенџамин Крнетиќ, додека аранжманот го направил Анже Кацафура. Режијата и сценариото е дело на Немања Новаковиќ.

За потсетување, Сенида својата популарност ја стекна со хитовите „Мишичи“ и „Камиказа“ Првата беше една од најслушаните песни на Јутјуб во Србија за 2019 година. Втората, исто така, доживеа голем успех а спотот беше прегледан повеќе од 10 милиони пати за помалку од десет дена.

Слични содржини