САМО ВО ЦРНА ГОРА: Почна натпреварувањето во лежење, луѓе се пријавуваат за да се одморат (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Започна јубилејниот 10 -ти натпревар за лежење во Црна Гора.

Натпреварот се одржува во еко-селото Монтенегро недалеку од Никшиќ, а првата награда е 300 евра.

-Правилата се исти: Уживање, спиење, читање книги, храна, пијалоци, се е дозволено освен станување, објавија организаторите на Фејсбук.

Оваа година, сепак, има една новина и тие малку ги сменија критериумите. Претходно, на натпреварувачите не им беше дозволено да станат без исклучок, додека сега им е дозволено да одат во тоалет на секои осум часа. Според организаторите, нивната цел е да ја изберат вистинската мрзелива личност.

На почетокот на годината, организаторите објавија дека организираат „натпревар во самоизолација наместо лежење“ поради коронавирусот. Сите учесници мораа да се придржуваат кон правилата што предвидуваат да останат сами во колибата и да не излегуваат никаде, да ја одржуваат чиста и да не користат телефон, ТВ, алкохол или цигари.

Организаторите обезбедија храна за седум дена, а ако некој е навистина упорен, дури и за подолго. Дозволени беа книги, цртежи и „се што е здраво за човечката душа“, а победникот и тогаш доби награда од 300 евра.

Моменталниот рекорд во лежење е 52 часа. Ова е натпревар во кој Црна Гора е единствена во Европа, особено е интересно поради прифатениот стереотип за оваа нација дека се мрзливи.

„Се пријавив за дружење, сакам да минувам време во природа. Се разбира, наградата не е занемарлива. Очекувам да победам, затоа сум тука. Ако тоа не се случи, дефинитивно запознав нови луѓе, нови искуства “, рече еден од учесниците.

Слични содржини