Санчез упати поддршка до Заев: Верувам дека по изборите земјата ќе продолжи со ваква проевропска Влада

од Берта Китинска
298 прегледи

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез упати видео порака за поддршка до претседателот на СДСМ, Зоран Заев и коалицијата „Можеме“.

Во продолжение ви испраќаме интегрален текст од видео обраќањето:

„Сакам да испратам порака за поддршка на предизборната коалиција „Можеме“ што ја предводи мојот драг пријател Зоран Заев од СДСМ. Тоа е порака која ја испраќам не само поради социјалдемократскиот идеал кој го споделуваме, туку и поради моето лично удебување дека Владата на Заев работеше посветено на овој идеал во изминатите три години и придонесе за значителни подобрувања во однос на минималната плата, социјалната помош и пензиите.

Пораката ја испраќам и како убеден европеист. СДСМ, така гласи кратенката на македонски јазик на партијата која ја предводи Заев, со Договорот од Преспа, стави крај на долготрајниот спор со Грција, истовремено напредувајќи кон надминување на спорот со другиот сосед, Бугарија. Тоа и овозможи на Северна Македонија да стане членка на НАТО во март оваа година и да дојде на чекор до почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

Како од Мадрид, така и од Скопје, не обединува заедничката цел, дека врадностите на солидарноста, демократијата, почитувањето на човековите слободи и права се столбот на кој почива европскиот проект.

Поради тоа, сакам да ги истакнам и напорите на Владата на СДСМ во борбата против пандемијата и економските последици на кризата, настојувајќи, секој пат, да не остави никога зад себе. Исто така сакам да ја истакнам социјалната агенда на Владата предводена од Заев, која значително се приближи до европската социјална агенда, преку реформите на пазарот на трудот, во однос на правата на граѓаните како на пример преку Законот за заштита од дискриминација.

Тоа не се политики и приоритети преземени како стратегија, туку како убедување дека само на тој начин, преку тие реформи, ќе се даде придонес за подобра иднина на општеството. Општество кое ќе биде инклузивно.

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска Влада, Влада која ќе остане посветена на прогресивните вредности, Влада што ќе овозможи државата да продолжува да напредува со овој забрзан ритам, како внатрешно, така и на меѓународен план.

Драг Зоран, ти благодарам многу и ти посакувам многу успех.

 

Слични содржини