Санкции за 121 возач во Скопје, пет за користење мобилен телефон

од Nikola Popovski

Во вчерашната акциска контрола на МВР, на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 121 казна, меѓу кои за возење над дозволената брзина 17 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли.

Изречени биле пет мерки за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, пет прекршоци што ги направиле пешаците, 50 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Слични содржини