Санкции за 136 возачи од Скопје, 4 поминале на црвено светло

од Nikola Popovski
142 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.04) продолжил со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46, шест за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за некористење сигурносен појас, и 41 санкција за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини