МВР информира дека продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки.
„Од нив за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 39 санкции, 31 прекршок што го чинат возачите на мотоцикли, 11 за возење без возачка дозвола. Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, 14 за возење под дејство на алкохол, 48 санкции за непрописно паркирање“, велат од полицијата.
Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.