Санкции за 236 возачи во Скопје, петмина поминале на црвено светло

од Nikola Popovski
157 прегледи

МВР во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Според нив, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35, 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

„Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, 41 санкција што ја чинат пешаците, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 31 за некористење сигурносен појас и 45 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од полицијата.

Слични содржини