Санкции за несовесните возачи: „Летал“ со 235 километри на час!

од Nikola Popovski
192 прегледи

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 32 возачи. Од нив 16 на територија на Велес, 10 на територија на Кавадарци, шест на територија на Неготино.

Според објавата на МВР, еден од санкционираните возачи се движел со неверојатни 235 километри на час.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Слични содржини