Санкциониран 121 возач во Скопје, 13 од нив за користење на мобилен телефон

од Nikola Popovski
223 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, од кои 11 за возење без возачка дозвола, 13 мерки за непочитување на брзината на движење, 13 за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас и 53 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини