Санкционирани 76 возачи во Скопје

од Nikola Popovski
339 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

Според нив, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 76 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14, седум санкции за возење повеќе од дозволената брзина, пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за нерегистрирани возила.

-Сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, објавија од МВР.

Слични содржини