Актерката Сара Џесика Паркер, како и легендарната Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“ не се откажува од добри чевли. Таа лансираше нова линија чизми, салонки и разни модели чевли со штикла.

Паркер првата линија чевли ја лансира во 2014 година, а пред тоа се занимаваше со дизајн на разни модели чевли со штикла. Улогата на Кери Бредшо кај неа разви уште поголема љубов кон обувките. Во соработка со дизајнерката Маноло Бланик, таа пред четири години ги израдува фановите со линија чевли „Кери штикли“.
Сега на пазарот исфрли ново издание разни заводливи чизмички и чевли со потпетица кои во продажба ќе се најдат во октомври. Новите модели може да се нарачаат преку Amazon или преку седиштето на SJP колекцијата од Њујорк.
Паркер најави дека сите купучи со чевлите ќе добијат и торбичка со нејзин потпис.