Сара Џесика Паркер воодушевена од “Медена земја”

од desk4
314 прегледи

Познатата холивудска актерка Сара Џесика Паркер на својот Инстаграм профил го искажа своето воодушевување од  македонскиот филм “Медена земја”.

Актерката која ја паметиме по серијачот “Секс и градот” напиша: „Медена земја“ е неверојатна , визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“

Холивудската актерка филмот го погледнала во Quad Cinema во Њујорк и истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

Медена земја“ вечерва е на KineNova Film Festival, а се прикажува и во Куманово, Битола, Свети Николе.

Слични содржини