Сара најчесто име за девојчињата, кај момчињата Тадеј

од Vladimir Zorba
121 прегледи

 

Во текот на минатата година во Република Македонија се родени 29.000 бебиња.

Меѓу новородените, според податоците на Управата за евиденција на матичните книги, најчести имиња кај девојчињата биле Сара, Јана и Калина, додека кај момчињата Тадеј, Михаил и Јован.

Најкарактеристично име дадено годинава е Лемур.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во декември  се родени 1.763 бебиња, а најчести имиња биле Марко и Јана.