Сарај и Бутел со најголем број заразени со Ковид 19

од Берта Китинска

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

Седум од денешните нови 24 случаи на коронавирус од Скопје, се од општина Сарај, четворица  од Бутел, тројца во Чаир и Аеродром, по двајца од Студеничани и Шуто Оризари, и по еден од Кисела Вода и од Карпош.

Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со PCR метода -60 и МАНУ -111. Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.

Слични содржини