Сардинија се уште гори, Италија бара помош од ЕУ

од Nikola Popovski
254 прегледи

Италија денес побара од европските земји да испратат противпожарни авиони со цел да се запре ширењето на пожарите на делови од островот Сардинија, каде беа евакуирани стотици луѓе.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо рече дека државната цивилна заштита побарала помош, со благодарност за сè што досега пристигнало од странство.

„Два авиони од Франција се на пат кон Сардинија, за што официјално ви се заблагодарувам“, нагласи Ди Мајо.

Пожарот ја зафати провинцијата Ористано во централниот дел на западниот регион на италијанскиот остров, а изгореа неколку илјади хектари земја, при што настрада животински свет и уништени се имоти.

Нема извештаи за повредени, но АНСА наведува дека 400 лица биле евакуирани денес од своите домови, а сличен број луѓе биле евакуирани претходната вечер.

Foto: Alessandro Tocco / LaPresse / Profimedia