Саркози: Преку дипломатија до крај на војната во Украина, Русија ни е потребна

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска изјави дека дипломатијата и разговорите се единствениот начин да се стави крај на војната во Украина, додавајќи дека на Европа ѝ е потребна Русија.

Тој рече дека Европа треба да ја „разјасни својата стратегија“ и да бара компромис со Москва, наместо, како што рече, да ја следи својата „чудна идеја“ за финансирање војна која не ја води.

„Без компромис ништо нема да биде возможно и ризикуваме во секој момент ситуацијата да се влоши. Ова буре барут може да доведе до страшни последици“, предупреди Саркози во интервју за францускиот весник „Фигаро“.

Слични содржини