Сасоли: Во суштина не се слушна „не“ за С. Македонија, но имаше одлагање

од Aleksandar Todeski
385 прегледи

Ние на некој начин се соочуваме со еден вид на застој. На наша страна се сите институции кои говорат дека С. Македонија мора и треба да го почне процесот на преговори. Сега треба да ги разбереме ставовите, сметам дека некои земји членки ги преиспитуваат своите позиции, а тоа е многу позитивно“, рече претседателот на ЕП, Давид Сасоли на средба со премиерот Зоран Заев.

„Имавме доверба и верба во рамки на последниот совет, но сега очекуваме за неколку месеци да се смени одлуката, тоа можеби ќе им овозможи на институциите на С. Македонија да почнат со другите реформи. Европската Унија е добар мотив, причина да се покажат нашите вредности, на слобода, на независност. Му се заблагодарувам на премиерот кој рече дека во овој момент постои опасност од надворешни сили, опасност која треба да ја сотреме со поголема поддршка, солидарност и блискост меѓу нашите земји и ЕУ. Верувам дека граѓаните и народот на Северна Македонија е дел од семејството на ЕУ. Верувам дека многу бргу ќе започнат преговорите со Европската Унија“, рече Сасоли.

Тој додаде дека сите институции на Европската Унија, Европскито парламент, Европската комисија и Советот на ЕУ биле „за“ почеток за преговори со Северна Македонија.

„Имавме мнозинство на Владите на земјите-членки. Три влади имаа преговори и овие предлози не доведоа до окончување на одлуката. Во суштина не се слушна „не“, но имаше еден вид на условување, дека треба нешто повеќе да се стори. Ние сме убедени дека овој процес може да запре, тоа е нашиот страв. Треба некои нивни приговори да се разгледаат и може да бидат надминати. Извесни влади во овој момент се во фаза на премислување, но не слушнавме „не“. Мислам дека постојат извесни процедури во пристапните процеси. Можат да бидат разгледани, модифицирани и упростени. Ние сме во рамки на процес во кој што ЕК го состави овој пакет, а ние сега треба да искажеме став за овој пакет. Ако процесот почнеше на инаков начин, ќе се искажевме на инаков начин, но во овој момент не е можно и пожелно, но вредностите и заслугите се гледаат на одвоен начин. Заслугите се признати и на С. Македонија и на Албанија. Не станува збор за заслуги, тие се признати, но сега имаме задача да продолжиме по овој пат. Верувам дека приговорите на трите земји ќе бидат лесно совладливи“, додаде Сасоли.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини