САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ги откриваат размерите на катастрофата од пожарите во Грција

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Огромен облак од чад ја зафати областа Александрополис во источна Грција, покажуваат американските сателитски снимки, додека напорите за гаснење на пожарот продолжуваат веќе петти ден.

Степенот на уништувањето го откриваат снимките што ги пренесе агенцијата „Ројтерс“ од сателит на Институтот Максар од САД, кој, меѓу другите служби, е специјализиран за набљудување на Земјата преку сателити.

Фотографиите покажуваат огромен облак од чад кој ја покрива областа, како и моменти кога авионите се полнат со вода за да продолжат да се спуштаат на огнениот фронт.

Според шумските служби, ветровите ќе ја одредуваат сериозноста и ефективноста на гаснењето. Работата уште повеќе ја отежнува тоа што и на местата каде што е изгаснат, пожарот повторно се заканува.

Пожарникарите во Грција веќе петти ден се ангажирани во борбата со разорните пожари кои зафатија различни региони во земјата.

Најкритичните фронтови на пожари во моментов се во регионите Еврос, Александрополис, Дадија, Евија, Самотракија, Макракоми и Родопи во источна Грција.

Слични содржини