Саудискиот крал Салман и принцот Мохамед отворија пространо одморалиште Qiddiya како дел од амбициозната стратегија за оживување на економијата и намалување на социјалните рестрикции.

Qiddiya се наоѓа во пустина на час возење од главниот град Ријад и се протега на 334 км2, што значи дека е 2,5 пати поголем од Disney World.
Опфаќа тематски парк Six Flags, водени паркови, простори за мото спортови, културни настани и куќи за одмор. Портпаролот вели дека очекуваат на почетокот да привлечат 1,5 милиони посетители годишно, а првата фаза ќе биде отворена во 2022 година.
Локалните медиуми пишуваат дека само инфраструктурата ќе чини 30 милијарди реали или осум милијарди американски долари.
https://twitter.com/qiddiya/status/990320259755372544
Да потсетиме, во Кралстовот Саудиска Арабија неодамна е отворено првото кино по забраната која траеше речиси 40 години. Принцот Мохамед и неговиот татко присуствуваа на свечената церемонија која вклучуваше настап на оркестар во живо, огномети и говори.
Во февруари во Ријад беше одржан фестивал на џез музика, додека во септември Саудиска Арабија им дозволи на жените о јуни 2018 година да полагаат за возачка дозвола, а овозможено им е присуство на спортски натпревари.
https://www.youtube.com/watch?v=zzGCW-n2QgM