Само е прашање на време кога системите за автономно возење ќе бидат доволно добри за да не биде потребен возач, а судејќи по најновиот концепт на Scania, шведската компанија е на добар пат да понуди нешто ново во светот на комерцијалните возила.
Scania AXL не е првото автономно возило на овој производител, но сигурно е најнапредното досега.
Самиот факт дека нема класична кабина јасно кажува дека тука нема да биде потребен возач.
Камионот може потполно самостојно да се управува со надзор на оператор сместен километри далеку од него, во некоја канцеларија.
За разлика од, најверојатно, сите други, Scania одлучи да ги спои традицијата и новата технологија во овој концепт.
Таа, погонот на оваа „ѕверка“ е класичен, користи мотор на внатрешно согорување, подготвен за биогориво.
Ова возило е предвидено за работа во рудници, а засега нема технологија за безбедно управување на јавни сообраќајници и патишта.