Поддршката за домашната економија, за малите и средни претпријатија продолжува и во постковид периодот, велат преку соопштение од СДСМ.
„Министерството за финансии и Европската инвестициона банка потпишаа договор за 100 милиони евра наменети за евтини кредити кои ќе се реализираат преку Развојната банка на Северна Македонија. Најмалку 300 проекти на мали и средни претпријатија ќе се поддржат со овие средства. Кредитите до фирмите ќе се даваат под исклучително поволни услови, со рок на отплата до 12 години со вклучен грејс-период од 2 години, во зависност од тоа дали кредитите ќе бидат наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства.
Од таму велат дека се работи за кредити по исклучително поволна повластена каматна стапка, која за првите транши би изнесувала до 1,6 отсто.
„Овие 100 милиони евра кои директно ќе се вбризгаат во домашната економија ќе значат нови инвестиции, зачувување на работните места и можност за отворање нови.
Како одговорна партија продолжуваме со силна поддршка за домашното стопанство. Градиме стабилна, развојна економија која носи шанса за сите“ велат од СДСМ.