СДСМ: 70 милиони евра  за рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини низ државата

од Ивана Рамаданова
296 прегледи

За две и пол СДСМ преку одговорен и домаќински пристап спроведе бројни проекти за унапредување на инфраструктурата, соопштуваат од СДСМ.

„Реализацијата на капиталните инвестиции достигна високи 86 отсто. Или по сектори 1. Гасификација 94 проценти, 2. Железница 82 проценти, 3. Комунална инфраструктура 63 проценти, 4. Социјални станови 100 проценти. Реализацијата на капиталните проекти директно влијае на економијата, поттикнувајќи економски раст и директно решавање на најважните  суштински и егзистенционални потреби и проблеми на граѓаните кои 11 години беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Од таму велат дека еден од најзначајните проекти што влегува во имплементација оваа година е проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од околу 450 километри. 

„Проектот предвидува инвестиции во рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини низ државата, вклучувајќи ги и општините во Градот Скопје, што подразбира дека Министерството за транспорт и врски, односно Владата директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа преку рехабилитација на улици и патишта во сите општини. Ќе се имплементираат и дополнителни мали проекти  кои овозможуваат подобрување на безбедноста, на мобилноста и превозот на пример: градежни работи за изгрaдба на потпорни ѕидови, мали свлечишта, пропусти за прифаќање на поројни води и други објекти  по должината на патната мрежа со кои ќе се санираат небезбедни и ризични места. Понатаму изградба на пешачки патеки, велосипедски патеки, урбана опрема, автобуски стојалишта, подобрување на кривини и раскрсници, воведување школски автобуси, зависно од потребите на општините“, велат од СДСМ.

Според нив, вкупната вредност на овој проект изнесува 70 милиони евра средства кои се обезбедени од Светска Банка, а секоја општина според утврдена методологија одобрена од Светска банка на располагање ќе има одредена висина на средства и секоја општина ќе добие од 500 илјади евра до 2 милиони евра. 

„СДСМ продолжува интензивно да работи во интерес на граѓаните. Се гради како никогаш досега и ќе продолжиме во таа насока.На прав пат сме и на тој пат продолжуваме и по победата на 12 април“, додаваат од партијата.

Слични содржини