СДСМ: Ако ги почитуваме мерките ќе успееме побрзо да се избориме со невидливиот непријател!

од Берта Китинска
104 прегледи

Колку долго ќе трае битката против коронавирусот зависи од нашата дисциплина во почитувањето на мерките за заштита на личното и на јавното здравје.Ова е моментот кога сите треба да дадеме максимум за да се воспостави контрола врз вирусот, велат од СДСМ.

Оттаму напоменуваат дека мора да ги почитуваме мерките за заштита, да носиме  маска или друга заштитна опрема често да се мијат рацете и да не се допираат очите, лицето и носот.

-Мора да држиме дистанца од луѓето околу нас и да не се групираме, мора редовно да вршиме дезинфекција дома и на работните места.Мораме сите да ги почитуваме овие мерки, но и да им укажеме на нашите роднини, пријатели, колеги дека и тие треба да го прават истото.
Само на овој начин ќе го заштитиме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски.Во периодот којшто ни следува вака ќе пазариме, вака ќе одиме на работа, ќе посетуваме кафулиња, вака ќе функционираме.Ако овие мерки строго се почитуваат тие даваат резултат.
Ако не ги почитуваме мерките за лична заштита го ризикуваме своето здравје, но и здравјето на нашите најблиски и целата наша околина.Сите заедно можеме и ќе успееме побрзо да се избориме со невидливиот, но опасен непријател, велат од СДСМ.

Слични содржини