СДСМ: Белгиска инвестиција во ТИРЗ Кичево, ќе се отворат 600 работни места со плата од 1500 евра

од Nikola Popovski

Белгиската компанија АБЕЕ ќе инвестира во Северна Македонија околу 40 милиони евра и во наредните три до четири години ќе отвори над 600 работни места, со просечна плата од 1.500 евра, соопштија утрово од СДСМ за најновата инвестиција во земјава.

Фабриката за батерии за автомобили ќе се гради во технолошката зона во Кичево.

Од партијата нагласуваат дека економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат резултати.

-Благодарение на одговорниот и ефикасен пристап на Владата предводена од СДСМ во привлекување странски инвестиции, минатата година ја завршивме со рекордни странски директни инвестиции од 753,8 милиони евра, стои во соопштението од СДСМ.

Слични содржини