По изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека од Месечината може да се види Кинескиот ѕид и нови предвремени парламентарни избори од СДСМ му порачаа дека и на месечината да се качи нема да може да избега од поразите.
-Христијан Мицкоски е докажан губитник, предводник на докажано криминална и режимска партија.И на месечината да се качи, космонаутот Мицкоски нема да може да избега од поразите и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.Последните јавно објавени информации во неколку медиуми покажуваат дека соработникот на Мицкоски, Антонио Милошоски бил осуден за кривични дела во Германија во 2004 и 2005 година, а овде, во државата се водат и судски процеси против него како и кон повеќе актуелни и поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните знаат дека во ВМРО-ДПМНЕ силно е присутна криминално-режимската матрица и затоа оваа партија е шест пати поразувана на избори и затоа уште долго ќе остане во опозиција, велат од СДСМ.