СДСМ: ДИК покажа дека не е на ниво на задачата да го заштити изборниот процес

од Vladimir Zorba
79 прегледи

СДСМ реагираше по одбивањето на сите нејзини приговори од страна на Државната изборна комисија.

Со одлуките што ги донесе ДИК покажа дека не е ниво на сериозната задача што ја има во врска заштитата на сите аспекти од изборниот процес.

Институциите на државата мора да работат во служба на граѓаните и да ја почитуваат волјата на граѓаните на Република Македонија.

И покрај се што се случува, неколку работи се кристално јасни:

-Граѓаните избраа живот и тие промени веќе се случуваат

-Нема повеќе место во политиката за личности како Никола Груевски

-ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција

Се отвораат перспективите за единствена Република Македонија и сите нејзини граѓани, реагираше СДСМ.