СДСМ: ДПМНЕ нема проекти во општините, граѓаните се изневерени

од Nikola Popovski

ДПМНЕ ги изневери граѓаните, нема проекти, нема резултати – ова е поразителниот заклучок после изминат половина мандат на градоначалниците од ДПМНЕ во над 40 општини, соопштија од СДСМ.

Според партијата, по две години има само безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.

-Згора на се, во голем дел од општините кои ги води ДПМНЕ зголемени се цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот, што е директен удар врз џебот на граѓаните. Такви се примерите со Битола, Прилеп, Штип, но и многу други, велат од партијата на Димитар Ковачевски и додаваат дека општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат.

Слични содржини