ДПМНЕ самата се заплетка. Прво ја проблематизираше техничката Влада, па велеше дека нема да учествува, потоа реши дека ќе учествува, соопштуваат од СДСМ.
„Предложи министри до техничкиот премиер Талат Џафери, а потоа пратениците на ДПМНЕ не ги гласаа сопствените предлози при изборот на техничката Влада во македонското Собрние“, истакнуваат оттаму.
Го напаѓаат Џафери, а во 2013 година, како што наведуваат, беше министер за одбрана во Владата на ДПМНЕ со истите оние кои денеска велат дека бил „дезертер“.
„Предлагаат министри а не ги гласаат, седат во техничката Влада предводена од Џафери а се прават дека не се дел од неа. Мицкоски не знае кај тера. Ниту има став, ниту има капацитет да донесе некаква одлука, ниту пак знае што прави“, стои во соопштението.