СДСМ: Економските политики на Владата придонесуваат платите постојано да растат

од Берта Китинска
343 прегледи

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев остануваат целосно посветени на вложување во човечкиот капитал во сите сектори, велат од СДСМ преку соопштение.

„Тече исплатата на 5 отсто бонус на платите за месеците март и април на вработените во јавните здравствени установи.За две недели следува и исплатата на бонусот од 5 отсто за месец мај. Медицинските сестри и техничарите кои инвестирале во своето образование по 2015 година од септември ќе добијат покачени плати, со што се исправа неправдата кон медицинскиот кадар кој досега не можел да го валоризира своето образование преку својата плата. Паралелно се вложува и во човечкиот капитал во безбедноста. Исплатена е бонус плата во поединечен нето износ од 27.182 денари на 4.471 вработен во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на минатата година“ велат од СДСМ.

Од партијата велат дека одговорните економски политики на СДСМ придонесуваат за постојан раст на платите, а истовремено невработеноста постојано опаѓа.

„Просечната плата за месец април бележи раст од 10,1 отсто споредено со истиот месец лани, поточно изнесува 28.438 денари. Денес стапката на невработеност е на историски најниско ниво од 16 отсто. Во исто време, во последните месеци се забележува силен раст на индустриското производство и извозот, што покажува дека денес македонската економија е стабилна, динамична и конкурентна. Сите овие економски показатели се силен доказ за успешноста и ефикасноста на мерките и политиките што ги презема Владата предводена од СДСМ. Нашата борба за граѓаните не застанува тука. Продолжуваме со имплементација на навремени, ефикасни мерки и политики што овозможуваат економски раст и повисок животен стандард“ велат преку соопштение од СДСМ.

Слични содржини