СДСМ: Ги слушаме барањата на граѓаните и ги преточуваме во програмски решенија

од Nikola Popovski

СДСМ информира дека караванот „Најдоброто за нашата општина“ и вчера продолжи со маалски средби на партиски функционери во неколку општини низ државата.

-Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски беше на средби со граѓаните од општина Карпош. Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска се сретна со жителите на Штип а организациониот секретар , Мартин Попов беше во посета на Неготино.

Пратениците на СДСМ, Дарко Каевски и Марија Ангелова ги посетија Зелениково, односно Чешиново Облешево, а членот на ИО Петре Шилегов беше на средба со граѓани во скопската општина Чаир.

Членот на ЦО на СДСМ Зоран Китанов беше со граѓаните во Гевгелија, а Никола Бабовски и Милан Живковиќ беа на средби во Ресен, односно Македонски брод.

Пред граѓаните ги презентираме проектите и мерките кои досега ги реализиравме но и ги слушаме нивните барања, ги следиме нивните потреби кои ќе ги преточиме и во конкретни програмски решенија.

Така ја создаваме најдобрата понуда за секоја општина за секој град. СДСМ останува со граѓаните, отчетно, транспарентно и инклузивно.

Граѓаните тоа го препознаваат и затоа даваат поддршка на концептот што води напред, концептот што носи резултати.

Затоа СДСМ и на претстојните локални избори е убедлив фаворит, затоа што го има најдоброто за секоја општина, стои во партиското соопштение.

Слични содржини