Најостро го осудуваме инцидентот што се случил во домот на родителите на Антонијо Милошоски. МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети.

Дестабилизацијата во државата мотивирана и креирана од Груевски и соработниците мора веднаш да престане, бидејќи таа не носи ништо добро за никого.
Доаѓа одговорна Влада што ќе се грижи за сите граѓани, независно од нивната политичка етничка и друга припадност наместо како досега да се поттикнува насилство омраза и нетрпеливост како што прави раководството на ВМРО-ДПМНЕ во обид да разгори тензии меѓу граѓаните.
Затоа е важно веднаш да се формира новата Влада што носи правда и живот за сите во Р.Македонија, порачуваат д СДСМ.