СДСМ: Кочоска продолжува со навредите кон Петровска и сите жени

од Даниел Ѓорѓиевски
227 прегледи

Наместо извинување за навредливите и дискриминаторски изјави кон пратеничката Славјанка Петровска, министерката за финансии  продолжи со арогантни и понижувачки пораки, обвинуваат од опозициската СДСМ.

„Откако пред четири дена ја праша пратеничката „со кое право во уста ги ставате мајките“ и „како вие знаете колку треба да троши едно повеќечлено семејство“, сега министерката оди чекор понатаму – во телевизиско интервју цинично порача дека „ако толку не интересира, може да се распрашаме за нејзиниот живот.“ обивнуваат од СДСМ.

Ова  однесување на Кочосока е без трошка емпатија и чувство за јавна функција. Вакви луѓе не смеат да бидат на Клучни позииции во државата, а Мицкоски три дена молчи и не ја разрешува. Дали и тој ги дели овие ставови за жените, дали ќе ја брани „до последно“ прашуваат од СДСМ.

Функцијата која ја има Коцоска подразбира одговорност, а не ароганција и навреди. Наместо да покаже минимум култура и емпатија, министерката дополнително ги продлабочи навредите, покажувајќи дека или не разбира што кажала или се обидува да се извлече со уште поголема дрскост. И во двата случаи тоа е катастрофа, констатираат од СДСМ.

СДСМ најостро го осудува ваквиот однос и бара министерката за финансии веднаш да биде разрешена. Ваквата ароганција и игноранција немаат место во една одговорна влада“, се вели во соопштението на партијата.

 

Слични содржини