СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, проевропскиот блок нема да дозволи блокада на иднината

од Radmila Tasevska

Од владеачката партија СДСМ, велат ,,Христијан Мицковски потврди дека е против ЕУ и сака да ја блокира европската иднина на земјата.
Мицкоски сака да ја влече земјата и народот уште 11 години надвор од ЕУ, во изолација’’ и додаваат ,,цел регион да напредува а Македонија да биде надвор од ЕУ, осамена и изолирана’’.

Потенцираат дека ,,членството во ЕУ не е политичка игра. Се работи за иднината на државата, за исполнување на стратешка цел и врвен национален интерес’’.

,,Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на вакво неодговорно и недржавничко однесување на Мицкоски.
Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да се блокирани од ДПМНЕ.
Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ’’, стои во соооштението на СДСМ.

Слични содржини