Милатовиќ ѝ честиташе на Силјановска Давкова: Пријателски односи засновани на взаемна доверба

од Nikola Popovski

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ѝ честиташе на кандидатката Гордана Силјановски-Давкова за победата на претседателските избори.

Тој истакна дека професорката е првата жена на оваа позиција во земјава.

„Пријателските односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора се засноваат на взаемната доверба на нашите народи. Со желба успешно да ги извршувате должностите на претседател, со нетрпение очекувам да работиме заедно за зајакнување на добрососедските односи и европската перспектива на целиот регион“, напиша Милатовиќ на X.

Слични содржини