СДСМ: Мицкоски, уплашен за својата фотелја во Белиот дворец, лелека за избори

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Новата година Христијан Мицкоски ја започна исто како што ја заврши и тераше и минатата цела година. Мицкоски нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, нема политичка понуда за граѓаните. Само седи на страна, уплашен за својата фотелја во Белиот дворец и лелека за избори, целосно во заложништво на Левица и во сенка на Никола Груевски, соопштуваат од СДСМ.

„Јавните лелекања на Мицкоски, загрижен само за својата фотелја, нема да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата.

СДСМ продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ.

Затоа Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението.