СДСМ: Мицкоски задоцни со половичната мерка – горивата повторно ќе поскапат и граѓаните нема да почувствуваат ништо

„Веќе гледаме дека маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот постојано растат и веќе се над 100 денари за килограм“, порачаа од „Бихаќка“ за задоцнетите мерки на Владата

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Фејсбук

„Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% – горивата повторно ќе поскапат и граѓаните нема да почувствуваат ништо“, порачаа утрово од СДСМ. Од партијата потсетуваат дека во претходните три недели, дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари.

„Ова е потврда дека половичната мерка на Мицкоски нема да го спречи растот на цените, граѓаните ќе плаќаат уште поскапо гориво а цените на храната ќе продолжат да растат. Задоцнетата реакција на Владата граѓаните ги чини скапо – над 4,5 милиони евра повеќе се платени за гориво, а во меѓувреме се активираше спиралата на поскапувања на хрната. Денес веќе гледаме дека маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот постојано растат и веќе се над 100 денари за килограм“, посочуваат од „Бихаќка“.

СДСМ повторно бара Владата веднаш да ги прифати нивните предложени мерки како: намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините.