СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и да каже став за референдумот

од desk2

Сокриениот Мицкоски да излезе пред граѓаните и да каже став за најважното прашање за иднината, за референдумот

Наместо да се крие зад однапред снимени видеа во кои изнесува лаги и измислици, Христијан Мицкоски треба да покаже минимум сериозност и јавно да го соопшти својот и ставот на неговата партија за претстојниот референдум. 

Очигледно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да измислат и да излажат се, само за да избегнат да го соопштат ставот за најважното прашање во македонската историја.

Денеска сокриениот Мицкоски во однапред снимено видео без можност од дополнителни новинарски прашања очајно се обиде преку искривени ставови да гиприкрие позитивните трендови во земјоделство коишто ги чувствуваат сите земјоделци.

Податоците јасно укажуваат на добри трендови во земјоделието, особено кај помалите производители. Тоа сокриениот Мицкоски не може да го порекне.

Продажбата кај индивидуалните земјоделци пораснала од 1.227.320 денари во 2017 година на 1.399.665 денари во 2018 година.

Македонското сточарство расте. Продажбата на говедско месо во вториот квартал е порасната од 186 на 441 тон односно зголемена е речиси тројно! Продажбата на млеко пораснала од 439 илјади на 477 илјади литри! 

Истовремено, оваа година постигната е рекордна цена на тутунот чијашто просечна цена за реколтата 2017 година, изнесуваше 217,6 денари по килограм а беа зголемени и субвенциите за килограм предаден тутун.

Ниту една лага на Мицкоски нема да го сокрие фактот дека неговата ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во во македонското земјоделство, со години не исплќаше субвенции и постојано манипулираше со земјоделците.

За разлика од таквиот потценувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ вложува силно во земјоделството и воведува нови политики што го развиваат земјоделството и го унапредуваат животниот стандард на земјоделците

Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија

Слични содржини