СДСМ: Мицкоски да не се крие зад лажните вести, туку да соопшти јасен став

од desk2

Мицкоски да не се крие зад лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ туку да излезе пред граѓаните и да соопшти јасен став, да се изјасни за што е, повикаа денеска од владејачката партија.

„Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ги чита и внимателно ги анализира соопштенијата на СДСМ, тоа е шанса оваа опозициска партија на научи дека кога им се обраќа на граѓаните мора да има јасен и конкретен став, изградени политики, план и визија.
Особено кога станува збор за клучните прашањата за иднината на државата со највисок национален и државен интерес, како што е членството во ЕУ и НАТО и ставот за референдумот за македонската иднина.
Несериозно и неодговорно е да се нема јасен став за овие прашања.
Дополнително, има конфузија во ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски вели дека се консултира, во неговата партија немаат никаква информација за тоа, што вчера јавно беше потврдено од Александар Нацев.
Наместо да се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е“, се вели во соопштението.

 

Слични содржини