СДСМ: Мицкоски е докажан криминалец фатен со раце во медот, затоа ДПМНЕ фабрикува лаги за Ковачевски

од Берта Китинска

Фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, докажаниот криминалец Христијан Мицкоски не може да се помири со фактот дека претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски чесно и посветено работи за граѓаните и за државата, велат од СДСМ.

Отааму посочуваат дека поради овие причини ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да фабрикува лаги за Ковачевски и да пробува да ја манипулира јавноста.

-Уште пред две години, на 28.09.2020 година јавно е објавено дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Гроуп и не е сопственик.Дека станува збор за класична фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои ги исполниле условите.Мицкоски е толку очаен, особено откако беше поразен од Ковачевски на првото изборно соочување, што се обидува да извртува информации кои се јавно достапни.Додека чесниот Ковачевски вредно работи за граѓаните и за државата, шпицниот Мицкоски со ништо не може да прикрие дека е фатен во криминал, велат од владејачката партија.

Слични содржини