СДСМ: Мицкоски и на празници ја покажува својата деструктивност

од Nikola Popovski

СДСМ обвини дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и за време на празници повторно ја покажува својата деструктивност.

-Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт иако и граѓаните и целата јавност е против.

Избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби, соопштија од владеачката партија.

Мицкоски денеска од Охрид, каде присуствуваше на централната манифестација по повод Богојавление-Водици, повторно побара предвремени парламентарни избори.

-Час поскоро да се одржат. СДСМ бега од одговор кога би се случиле. Подготвени сме да доставиме до Парламентот измени на изборниот законик, во кој што нема да има 100 дена техничка влада и ќе го користиме уставниот рок од 45 дена. Ако тоа е пречката, нека им остане оваа влада до нови избори, нека им остане министерот Спасовски, нека остане новиот министер за труд и социјална политика…, изјави Мицкоски пред новинарите.

Слични содржини