СДСМ: Мицкоски призна дека нема поддршка на протестите, и нему му станува јасно дека народ не го сака

Со ставот дека не се оптоварува со бројот на присутни на неговите протести, Христијан Мицкоски вечерва призна дека нема поддршка од граѓаните.

Мицкоски ниту може ниту има право да се повикува на граѓаните, на народот, сите знаат дека тој е изолиран во сопствената деструкција.

Народот не го сака Мицкоски, народот не сака нечесни, лицемерни политичари кои работат на штета на државата. Затоа Мицкоски губи шест пати на избори, затоа уште долго останува во опозиција.

Слични содржини