СДСМ му дава поддршка на Пендаровски за нов мандат за претседател на државата

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Партиски извори информираат дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата.

Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 март ќе се одржи и официјалната промотивна конвенција.

„Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визијата за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани“, наведуваат од СДСМ.

Слични содржини