СДСМ: На Мицкоски му се брза на избори, но предвремени нема да има

од Nikola Popovski

Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сака да ја покрие со постојани барања за предвремени избори, реагираат од владеачката СДСМ на вечерашното интервју на лидерот на најголемата опозициска партија.

Од таму потенцираат дека во период на енергетска и економска криза, во ситуација кога парламентарното мнозинство е стабилно а Владата е полн легитимитет, потребна е работа за да се надминат последиците од кризите, а не предвремени избори и ново закочување, нови блокади.

-ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не нудат никакви решенија, не предлагаат ништо, немаат став за ништо, но затоа постојано само бараат избори само нешто кочат и блокираат, а нивните градоначалници не работат ништо освен што ги партизираат изборите, велат од „Бихаќка“ и потенцираат дека затоа Мицкоски вечерва се обиде да бара оправдувања.

-Затоа и му се брза за избори, затоа што знае дека граѓаните гледаат колку се неспособни и неуспешни неговите градоначалници, но предвремени парламентарни избори нема да има. Следните избори ќе бидат во редовниот термин, во 2024 година, категорични се од СДСМ.

Слични содржини