„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса отворено покажуваат дека не им е грижа што илјадници граѓани не можат да добијат државна помош како резултат на нивните деструктивни блокади. Некои пратеници бесрамно и безобразно им порачуваат на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата“, велат преку соопштение од СДСМ.
За нив, опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и блокира Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар.
„Го кочат и Законот со кој треба да се обезбедат средства за реализација на бас рапид транзит, односно за воведување на нов, еколошки и ефикасен систем на јавен превоз во Скопје.
На опозициските пратеници не им е важен развојот на Скопје, ниту заштитата на животната средина, ниту пак јавниот сообраќај во главниот град.
Ваквиот деструктивен однос на опозицијата во Собранието е препознаен од граѓаните и затоа повторно ќе ги казнат на изборите на есен“, стои во партиското соопштение.